„Ми се исполни сонот, конечно заедно со големата Светлана“-И Џамбазов на Пастрмалијада

Македонскиот шоумен и актер Игор Џамбазов на својот Инстаграм  се пофали дека конечно му се исполнил сонот, на иста сцена да пее со Цеца.  Оние кои го познаваат велат дека Игор „радоста“ за делење на иста сцена со Цеца, е потсмевање на прфиден начин.

„Конечно ми се исплни сонот. На иста сцена и на ист плакат со големата Светлана …ој животе, кредиту без камата“, вели Џамбазов. Тој заедно со Нокаут ќе настпи на овогодинешната  Пастрмалијада која ќе се одржува од 20 до 21 септември во Штип. Игор ќе има настап првата вечер, а Цеца е најавена како главна ѕвезда на манифестацијата.

Текстот „Ми се исполни сонот, конечно заедно со големата Светлана“-И Џамбазов на Пастрмалијада е превземен од Reporter.mk.