Мила Кунис: Двапати годишно се разведувам

Актерката Мила Кунис изјави за „Космополитен“ дека е вознемирена поради шпекулациите за развод од нејзиниот сопруг Ештон Качер.

„Не читам ништо за себеси. Не знам што точно пишуваат, но јас сега барем еднаш годишно ‘сум бремена’ и барем двапати годишно ‘се разведувам’ или ‘завршувам во болница’. Никој не ги разбира непријатностите што сето тоа ги предизвикува во моето семејство, вели актерката.

Кунис и Качер ги имаат тригодишната Вајат и едногодишниот Димитри, па лажните вести за бременост секогаш предизвикуваат мешани чувства, барем кај нејзиниот татко, истакнува таа.

– Татко ми секогаш се надева дека тоа е вистина, и постојано прашува „навистина ли ќе има уште едно?“, додава Кунис.