Милан Поповиќ на зимување со судијката што ѝ го одзема старателството на Северина

Милан Попивиќ и судијката Теа Голуб, која ѝ го одзема старателството на Северина над синот Александар, биле заедно на зимување. Хрватските медиуми пишуваат дека судијката на Општинскиот граѓански суд во Загреб се сретнала со поранешниот партнер на Северина во хотел во Австрија. Судијката демантира дека биле заедно на зимување. Таа за „Јутарњи“ рекла дека случајно се сретнале во истиот хотел и дека таа била таму со сопругот и ќерката, а Милан бил со синот.

„Се сретнавме во хотелот на вечера. Бев со семејството, а тој со детето и поголемо друштво. Сигурно се поздравивме четири-пет пати бидејќи и двајцата бевме во хотел во кој има еден ресторан, но никогаш не седевме заедно на иста маса ниту разговараме за нешто, освен што најкултурно се поздравивме“, рекла судијката.

Медиумите во хрватска пишуваат дека нивната средба не била случајна и дека е многу чудно што од сите ски-центри во Австрија, тие зимувале во ист хотел и во исто време.

За потсетување, на 28 ноември судот во Загреб одлучи детето на Северина да живее со таткото, а пејачката да го гледа за викенди и по неколку часа во текот на неделата.

Текстот Милан Поповиќ на зимување со судијката што ѝ го одзема старателството на Северина е превземен од Reporter.mk.