Милан Станковиќ ужива во бракот со Сандра

Водителот и актер Милан Калиниќ, кој веќе 12 години е во брак со сопругата Сандра, со која има две деца, за прв пат проговори за нејзиниот карактер и за тоа каков човек е таа во приватниот живот. Калиниќ е познат како човек кој ретко зборува за својот приватен живот во јавноста, но сепак сега пред новинарите реши да открие некои карактеристики за неговата сопруга.

„На почетокот кога излегувавме со Сандра, не знаев каков човек е таа. Сега, кога минаа многу години, можам да кажам дека сум среќен што покрај себе имам вистински пријател и одлична мајка на моите деца. Особено ме изненадува каков е нејзиниот однос со моето семејство. Имам чувство дека мојата мајка ја сака Сандра дури повеќе од мене. Од друга страна и јас одлично се согласувам со семејството на Сандра. Тоа е многу важно за еден брак да биде успешен“, вели Калиниќ.

„Многу ја сакам својата работа и можам да кажам дека сум благодарен што немам фиксно работно време. Претставите кои ги играм ми одземаат и по неколку дена во континуитет, по што после тоа можам да се посветам на родителските обврски кои најмногу ги сакам. Пред се морам да кажам еден интересен факт, а тоа е дека најголемите работохоличари се и најголеми хедонисти. Затоа брзам и работам, за да можам на себе си и на моето семејство да му ги обезбедам сите уживања во животот“, изјави Милан.

Калиниќ откри дека покрај големиот број на актерски улоги, најмногу го исполнува улогата на родител.

„Ништо не ме исполнува повеќе од тоа кога го гледам мојот син на тренинг, кога ги носам моите деца на натпревари. Сметам дека најважно е тоа што го носиш од својот дом. Додека јас растев, се дружев со секакви типови. Но, човек каде и да оди, со себе треба да го носи она што го научил од дома“, вели Калиниќ.

 

 

Текстот Милан Станковиќ ужива во бракот со Сандра е превземен од Reporter.mk.