Миле Кузмановски подготвува нов албум

Фолк-пејачот Миле Кузмановски подготвува нов албум. Тој деновиве ја промовира новата песна „Во име на љубовта“, која ќе се најде на албумот. Автор на песната е Бобан Василевски кој ги направи музиката, текстот и аранжманот. Миле песната ја сними по подолга пауза на музичката сцена.

Пејачот последната година е посветен на татковството, откако лани во октомври стана татко третпат. Неговата втора сопруга Јасмина роди ќерка. Од бракот со покојната сопруга Весна, тој ги има близначките Ана и Јана.

Текстот Миле Кузмановски подготвува нов албум е превземен од Reporter.mk.