Милена Дравиќ ќе биде погребана во алејата на заслужни граѓани на белградските гробишта

Југословенската актерка Милена Дравиќ на 19 октомври ќе биде погребана во алејата на заслужни граѓани на белградските Нови гробишта. Во Југословенската кинотека денеска беше отворена и книга на жалост, во која граѓаните ќе можат да се запишат.

Службите од кинотеката приредија и можност сите кои ќе се запишат во книгата на жалост да можат да проследат некои од проекциите на филмовите во кои Дравиќ глумеше и за кои има добиено престижни награди. Од 1 до 5 ноември кинотеките низ Србија ќе приредат и голема ретроспектива на филмовите на југословенската актерка.

Една од најголемите ѕвезди на ексјугословенската и српската актерска сцена почина во Белград, во ноќта меѓу саботата и неделата. По долго и тешко боледување, Дравиќ почина на 79-годишна возраст во болница во Белград.

Текстот Милена Дравиќ ќе биде погребана во алејата на заслужни граѓани на белградските гробишта е превземен од Reporter.mk.