Милена Дравиќ: Мојот живот е во рацете на Бога

Српската глумица Милена Дравиќ, по смртта на нејзиниот маж Драган Николиќ призна дека е болна и дека оди на лекување во болница и по неколку недели, но за јавноста не сака да открие од што боледува.

„Не ми е лесно. Прво замина мојот Драган, па ми се случи болеста. Сето ова ме погоди многу. Мојот живот сега е во рацете на Бога. Но, сфатив и дека не сум отфрлена. Ми значи кога ќе видам дека луѓето ми посакуваат да се опоравам, кога ќе се сетат на мојата работа, кога ќе чувај убави зборови. Тогаш повторно чувствувам љубов и ми се враќа насмевката на лицето“, рекла Дравиќ во интервју за магазинот „Глорија“.

Таа во интервјуто додала дека не жали за многу работи во животот, освен што не одиграла многу улоги заедно со сопругот.

„Многу работевме. Некогаш од филм се префрлафме на филм, па немавме време за нас. Ако снимавме повеќе заедно, повеќе ќе се гледавме. Ама во најтешките моменти бевме тука еден за друг. Гаге се бореше како лав, го сакаше животот и секогаш се трудеше да ме насмее“, открила глумицата.

Текстот Милена Дравиќ: Мојот живот е во рацете на Бога е превземен од Reporter.mk.