Миленко: Докторатот на Груевски е препишан

По објавата дека експремиерот Никола Груевски следниот петок, на 6 јули, на Економскиот факултет во Скопје ќе ја брани докторската дисертација, се јави и водителот Миленко Неделковски со тврдење дека докторатот бил украден.

Тој објави статус на својот фејсбук-профил во кој вели: „Докторатот” е направен со преземање (копипастирање, крадење) материјал од истражувањето, анализата и физибилити-студијата нарачана од нашата Влада, платена со наши пари, а изработена од реномирана компанија од Лондон за проектот ‘Слободна финансиска зона’ што требаше да се лоцира во касарната Илинден“, напишал Миленко.

 

Темата на докторатот на Груевски е  е „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“. Одбраната е закажана за 12 часот пред петчлена комисија.