Милион прегледи за седум часа, на новиот спот на Кија

Кристина Кија Коцкар го претстави долгоочекуваниот спот за песната „Не се враќам на старо“, кој го снимила со групата „Министарке“. Спотот за оваа песна, како и самата песна, доживел невиден успех.

За само седум часа, спотот имал преку милион прегледи на Јутјуб. Кија се огласила на Инстаграм.

„Нула купени прегледи, нула купени реклами. Фала многу, догледање“, напишала Кија.

И уште еден параметар за спотот на Кија со „Министарке“ доживеал успех. Тој завршил прв на трендинг листата на Јутјуб во Србија.

„Не можам да ви опишам како се чувствувам. Многу големо фала за Фили Милетиќ и Милош Рогановиќ, кои ми дадоа можност да соработувам со „Министарке“. Се разбира големо фала и за Кристина и Милица кои исто така многу ми помогнаа. Ова е само почеток, ова е вистинска летна песна, а на есен стигнува мојата прво соло. Ќе видиме како публиката ќе ја прифати“, изјавила Кија.

Текстот Милион прегледи за седум часа, на новиот спот на Кија е превземен од Reporter.mk.