Милош Биковиќ побарал 50 милиони долари да влезе во реално шоу

Српскиот глумец Милош Биковиќ добил понуда да учествува во руско реално шоу, па од организаторите побарал 50 милиони долари. Тие, според глумецот, рекле дека сумата е преголема и не прифатиле да му исплатат толку пари.

„Ми понудија да учествувам во руско реално шоу. Што да ви кажам, и Русите имаат масовно ретардирани, за жал. А јас прифатив, за 50 милиони долари. Со парите што ги побарав, би снимил 20 до 50 филмови во Србија и би ја промовирал српската култура во светот. Но, ми рекоа дека не се во можност“, рекол Биковиќ за српските медиуми.

Глумецот кој последните неколку години паралелно снима филмови и серии и во Русија и во Србија, во моментор работи на второто продолжение на филмот „Јужен ветер“, кој беше хит во регионот кон крајот на минатата година.

Текстот Милош Биковиќ побарал 50 милиони долари да влезе во реално шоу е превземен од Reporter.mk.