Милош Биковиќ раскина со девојката

Еден од најпопуларните српски глумци Милош Биковиќ, е повторно сам. Според медиумите, тој ја раскинал врската со манекенката Барбара Таталовиќ, со која беше заедно околу две години. Причината за раскинувањето на Милош и осум години помладата девојка се далечината и нивните работни распореди, пишуваат медиумите.

„Милош и понатаму е почесто во Русија отколку во Србија каде што снима серии и филмови, а Барбара често патува низ Европа заради модните ангажмани. Се помалку се гледаа, а почесто се караа и на крајот Милош реши да прекинат, па секој да тргне по својот пат“, рекол пријател на глумецот за српските медиуми.

Инаку, Биковиќ во моментов го завршува снимањето на вториот дел од филмот „Јужен ветар“.

Текстот Милош Биковиќ раскина со девојката е превземен од Reporter.mk.