Мира Шкориќ ќе го тужи НАТО

Фолк-пејачката Мира Шкориќ, која пред неколку месеци откри дека е четири пати оперирана од рак, ќе биде меѓу луѓето што ќе ти тужат земјите-членки на НАТО кои во 1999 година ја бомбардираа Србија.

„Секако дека треба да се тужи. И не само да ги тужиме, туку за уши да ги влечеме кај нас во болницата за онкологија каде што лежат деца. Тоа е страшно. Вие не знаете колку се тие деца убави и паметни и се борат со најстрашната болест“, рекла пејачката во интервју за српските медиуми.

Таа рекла дека не сака за себе да мисли дека е болна личност и покрај тоа што опасноста болеста да се појави пак е голема.

„Одам понатаму, живеам и пеам искрено. Јас сум борец. Не сакам да ме сожалуваат и да зборувам за болеста како одредни јавни личности. Но, морам да признам дека ме болеа насловите во медиумите дека сум се повлекла и не сум сакала да пејам. Јас сум пример за личност која не се грижи за здравјето. Кај докторот дојдов предоцна. Кога и да се сетам, не ми е добро. Точно е дека ме оперираа четири пати. И одлучив да проговорам за да ја разбудам свеста кај другите луѓе за да не ја повторат мојата грешка“, додала Шкориќ.

Текстот Мира Шкориќ ќе го тужи НАТО е превземен од Reporter.mk.