Миранда од „Сексот и градот“ ќе режира геј претстава

Глумицата Синтија Никсон ќе биде режисер на Бродвеј. Таа ќе ја режира геј претставата Last Summer at Bluefish Bay, пишува порталот „Њујорк тајмс“.

Во проектот се вклучени познати жени, меѓу кои и Елен Деџенерис и Порша де Роси, па Лили Томлин и Џејн Вагнер. Претставата раскажува за жена која го напуштила сопругот и која создава ново пријателство со група жени, кои секое лето го поминуваат во колонија на плажа.

Last Summer at Bluefish Bay е една од првите современи, геј претстави, која постоигна голем успех уште пред две децении.

Текстот Миранда од „Сексот и градот“ ќе режира геј претстава е превземен од Reporter.mk.