Мишел Фајфер требала да игра наместо Шерон Стоун во „Основен инстинкт“

За култниот филм „Основен инстикт“  и сцената со Шерон Стоун во која ги прекрстува нозете и денес остава без зборови. Филм кој и ја донесе филмската слава и актерската популарност.

После 25 години од премиерата на остварувањето на Пол Верховен, Мишел Фајфер открива дека токму таа првично добила понуда да ја игра улогата која Шерон Стоун ја направи мегапопуларна, но одбила да ја толкува главната улога во „Основен инстикт“.

Не само што одбила да глуми во овој филм, туку и во филмовите „Згодна жена“ улога која ја доби Џулија Робертс и во филмот „Телма и Лиз“.

„Точно, ги одбив тие улоги, но постојат бројни причини за тоа – не е само затоа што не сакаш да снимаш некој филм, некогаш постои конфликт, кога веќе си се обврзал да снимаш некое друго остварување“ – изјавила Мишел за магазинот „Today”.

Нејзината последна улога беше во римејкот на филмот „Ориент Експрес“.

Текстот Мишел Фајфер требала да игра наместо Шерон Стоун во „Основен инстинкт“ е превземен од Reporter.mk.