Моделот Дејвид Ганди стана татко

Еден од најпопуларните машки модели во светот, Дејвид Ганди, и неговата девојка Стефани Мендорс добија ќерка, која ќе се вика Матилда. 38-годишниот модел веста за татковството ја објави на „Инстаграм“.

„Бебето Матилда се роди минатата недела. И мајката и бебето се добро. Само сега е проблем што жените станаа побројни кај мене дома“, напиша тој покрај првата слика со бебето.

Ганди е долги години на светската модна сцена. Најпознат е како заштитно лице на модната куќа „Долче и Габана“.

Текстот Моделот Дејвид Ганди стана татко е превземен од Reporter.mk.