Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој напиша дека се позитивни и неговата сопруга, но и тримесечното бебе.

„И покрај строгото придржување кон мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за Ковид 19. За среќа јас немам никаков симптом но резултатот е позитивен. Уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате“, пишува Зекири.

Тој изрази жалење и се извини на оние со кои бил во контакт бидејќи можеби несвесно последниве денови ги заразил.

Текстот Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус е превземен од Reporter.mk.