На 24 години почина мис Универзум

Финалистката на мис Универзум на Нов Зеланд, Амбер Ли Фрис, почина на 24. години. Трагичната вест ја потврдиле од нејзината агенција за таленти The Talent Tree.

„Со неизмерна тага се простуаме од нашата убава и талентирана Амбер. Почивај во мир, прекрасна девојка. Наше искрено сочувство до семејството и пријателите“, напишале од агенцијата на „Фејсбук“.

Портпаролот на полицијата од Нов Зеланд, во петокот за „Фокс њуз“, изјавил дека полицијата во понеделникот добила дојава за изненадувачката смрт на мисицата, но повеќе информации сеуште не се достапни за јавноста.

Многумина од мисицата се простија преку социјалните мрежи, а се огласи и CEO Miss World на Нов Зеланд Нигел Годфри.

„Скршени сме. Ја сакавме и почитувавме. Бевме горди на тоа што ја викавме пријателка уште долго време по натпреварувањето. Трагедија е што својот голем потенцијал не го искористи до крајот. Беше прекрасна душа“, изјавил Нигел.

 

 

Текстот На 24 години почина мис Универзум е превземен од Reporter.mk.