На Наташа Беквалац и Емина Јаховиќ им е преку глава од мажи

Откако во 2011 година ја снимија песната „Господине“, Емина Јаховиќ и Наташа Беквалац повторно имаат заедничка песна. Овојпат тие со Дарко Димитров ја снимија песната „Мушко више не могу“ и најавија дека промоцијата ќе биде за неколку дена. Емина на своите социјални мрежи објави слики од снимањето на песната и напиша „Дали имаме хит?“

Фановите веднаш коментираа дека песната е биографска бидејќи двете пејачки неодамна се разведоа. Наташа се разведе од сопругот Лука Лазукиќ заради семејно насилство, бидејќи тој ја натепа пред повеќе од една година. Со него Беквалац ја има ќерката Катја. Емина, пак, по десет години брак се разведе од сопругот Мустафа Сандал, со кого ги има синовите Јавуз и Јаман. Таа од скоро е во врска со турскиот милионер Садетин Саран.

 

Текстот На Наташа Беквалац и Емина Јаховиќ им е преку глава од мажи е превземен од Reporter.mk.