На Пријовиќ кариерата ѝ е поважна, се скараа со Филип

Популарната двојка Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ наводно се скарале, пишуваат српските медиуми. Биле видени како се караат пред настапот на пејачката, а проблем било каде да живеат. Филип инсистирал на неколку месеци да го сменат местото на живеење и да се отселат од Србија па да заминат за Мајами, но Пријовиќ не скала да си оди од Белград.

„Александра и Филип никогаш немале никакви несогласувања, сите проблеми ги решаваа во движење, па така сакаат да остане и со новонастанатите проблеми кои очигледно постојат подолго време. На повеќето настапи Филип ја следи Александра, па така беше и овој пат. Претходните денови водеа полемика за тоа каде би живееле, зошто Филип има голема желба да се врати во градот каде што помина поголем дел од животот. Меѓутоа, Александра смета дека тоа не е добро за неа зошто сака да ја продолжи кариерата во иста насока како и досега“, изјавил извор за српските медиуми. „ Во моментот кога пламна кавгата пред нејзиниот настап, беше видно бесна и само на крајот му порача: ‘Ќе те замолам да ставиме точка на таа приказна и да продолжиме утре зошто не е ниту време ниту место за тоа да дискутираме’“, додал изворот. Подоцна Филип се извинил поради реакцијата, пишуваат медиумите.

„Не можам да сфатам, како може да ѝ биде поважна кариерата во Србија од тоа да живее во Мајами со Филип“, вели изворот кој раскажал за кавгата помеѓу брачната двојка.