На Сајмон Рекс му нуделе пари да лаже дека бил во врска со Меган Маркл

Aмериканскиот глумец Сајмон Рекс тврди дека британски медиуми му понудиле 70.000 долари за да лаже дека бил во врска во Меган Маркл. Во интервју за „Холивуд роу“ тој раскажал за непристојната понуда, но рекол и дека со Меган никогаш не биле во врска, иако глумеле заедно во 2005 година, во серијата Cuts.

Според 45-годишниот глумец, понудата на британскиот медиум била непристојна, а тој не сакал да ја прифати бидејќи не сакал да ѝ наштети на својата поранешна колешка, иако во времето на снимањето на серијата, во медиумите се пишувало дека тие двајца се заедно.

„Ништо не се случи меѓу нас. Не сме се ни бакнале. Еднаш излеговме, но тоа не беше воопшто романтичен ручек. Ги одбив тоа зошто не сакав да го вознемирувам кралското семејство“, рекол Сајмон.

Текстот На Сајмон Рекс му нуделе пари да лаже дека бил во врска со Меган Маркл е превземен од Reporter.mk.