На Сергеј Трифуновиќ му се слоши среде претстава

На српскиот глумец Сергеј Трифуновиќ му се слошило на сцена за време на изведувањето на претставата „Потопена душа“ во Белградскиот драмски театар. Засега организаторите немаат информации дали ќе биде одржана следната закажана претстава.

Претставата била прекината, а гледачите морале да ја напуштат салата. Организаторите велат дека Сергеј на претставата дошол со висока температура.

„Претставата беше прекината затоа што на Трифуновиќ му се слоши. Засега немаме подетални информации“, изјавиле од театарот и додале дека не знаат дали следната закажана претстава ќе биде изведена. Сергеј претходно им кажал на одговорните дека му било лошо и дека само лежел во креветот.

Ова не е првпат на Сергеј да му се слоши на сцената. Истото му се случило пред година дена, кога лекарите морале да го изнесат на носилки.

Глумецот неодамна доживеа и сообраќајна несреќа кога на автопат кон Нови Сад со својот автомобил марка „ауди Q2“ удрил во „Фиат“ кој излегол пред него.

На местото на несреќата пристигнала итна помош, а возачот на другиот автомобил го пренеле во болница. Само 20 дена претходно Сергеј исто доживеал сообраќајка, откако се удрил во градски автобус во Нови Сад. Минатата година исто доживеал несреќа, а со него во автомобилот била 21-годишна девојка, која се здобила со сериозни повреди.

Српските медиуми пишуваат дека глумецот во последните десет години сокрил повеќе од десетина сообраќајни незгоди. Неколкупати бил казнуван, а четири пати се нашол на возачкото место, иако на сила му била забраната за управување со моторни возила.

 

 

Текстот На Сергеј Трифуновиќ му се слоши среде претстава е превземен од Reporter.mk.