На Зорица и Кемиш им нудат 100.000 евра да влезат „Задруга“

Српската фолк-пејачка Зорица Брунцлиќ и нејзиниот маж, хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ – Кемиш добиле понуда од 100.000 евра за да влезат во втората сезона на реалното шоу „Задруга 2“, пишува „Курир“. Зорица веќе  учествуваше во реалното шоу „Фарма“, но тогаш беше сама, без сопругот.

Извор за весникот рекол дека освен што ќе заработат повеќе од сите други учесници во шоуто, ќе имаат и други привилегии. До сега не го прифатиле учеството во шоуто, но Зорица сериозно размислува да ја прифати понудата, оти Кемиш ќе биде со неа, додал истиот извор.

Новата сезона на „Задруга“ ќе почне да се прикажува во септември.

Текстот На Зорица и Кемиш им нудат 100.000 евра да влезат „Задруга“ е превземен од Reporter.mk.