Најголемите домашни музички ѕвезди првпат на заедничка концертна турнеја

Музички фестивал „Мозаик“, кој годинава ќе се одржи првпат кај нас, е замислен како концертна турнеја на најголемите домашни музички ѕвезди. Тој ќе се одржи во Скопје, Куманово и Прилеп. На концертите, што ќе траат по пет часа, првпат на истата сцена ќе настапат Владо Јаневски, Влатко Стефановски, Елита Пет, Слаткаристика, Нокаут, Џамбо Агушеви Оркестар, Дани Димитровска, Ферус Мустафов, Туна, Рок симфони и Сам.

Концертот во Скопје е закажан за 28 февруари во А1 Арена „Борис Трајковски“, во Прилеп ќе се пее на 14 март во Центар за култура „Марко Цепенков“, а последниот концерт ќе се одржи во Куманово на 21 март во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Влезници се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК тикетс.

Текстот Најголемите домашни музички ѕвезди првпат на заедничка концертна турнеја е превземен од Reporter.mk.