Наоми Кембел била воспитувана како Јеховин сведок

Светскиот модел Наоми Кембел била одгледана и воспитувана како Јеховин сведок, пишуваат светските медиуми. По веста за Том Круз и неговото вклучување во Сајентологијата, светскиот модел јавно проговори за своето минато и начинот на кој таа била воспитувана од страна на нејзината мајка.

Мајката на Наоми Кембел Валери, во една своја прилика јавно проговорила за тоа како ја одгледала својата ќерка.

„Ја огледав како Јеховин сведок, но таа самата мораше да ја избере својата вера. Кога ќе ми побара совет, се разбира и ја давам целата своја неопходна литература на користење“, изјавила мајката на Наоми.

Медиумите пишуваат дека сè поголем број на познати ѕвезди во светот, се вртат кон алтернативните религии. Некои од тие култови често знаат да бидат опасни.

Централното верување на Јеховините сведоци е дека Бог, кој во изворните библиски записи е откриен со името Јехов е човек кој може да се спознае низ проучувањето на Светото писмо. Христијанската религија, како е наведено, не го признава толкувањето на Библијата и Јеховините сведоци.

Од друга страна, Сајентологијата ги учи луѓето дека се бесмртни духовни суштества кои си ја заборавиле својата вистинска природа. Оваа црква е основана во 1953 година.

Том Круз во оваа заедница наводно го донела неговата поранешна сопруга Мими Роџерс, која била шест години постара од него. Тогаш,Круз во целосно го занемерил градењето на однос со ќерката Сури, која ја добил со Кеји Холмс. Кејти не сакала да го одгледува детето според правилата на црквата, па ја прекина комуникацијата со Том.

И Џон Траволта исто така е член на Сајентолошката црква, на која и се приклучил во седумдесетите години од минатиот век.

 

 

Текстот Наоми Кембел била одгледана и воспитувана како Јеховин сведок е превземен од Reporter.mk.