Нашето пријателство веќе нема да е исто – Жан Тод прозборе за состојбата на Шумахер

Поранешниот шеф на Скудерија Ферари и голем пријател на Михаел Шумахер, Жан Тод, во едно скорешно интервју прозборе за здравствената состојба на Формула 1 возачот. Тој откри дека Шумахер веќе никогаш нема да биде ист како порано. Легендарниот Формула 1 возач се повреди на скијање 2013 година, а пред една година се разбуди од кома. Тој сега се лекува во неговиот дом, но фановите имаат многу малку информации за неговото здравје. Затоа, беа изненадени кога Тод, еден од најдобрите пријатели на возачот и еден од малкумината што го посетуваат, за „Радио Монте Карло“ откри дека Михаел најмногу со бори со поддршката на своето семејство.

„Нашето пријателство веќе никогаш не може да биде исто, но тоа е така само затоа што Михаел не може да комуницира како претходно. За него се грижат многу добро и живее со семејството на релација Женева-Лозана. Во оваа борба со животот му помага само позитивната мисла, а неговото семејство во секое време од денот е достапно за него. Мислам дека и моите посети му помагаат“, рекол Тод во интервјуто.

Инаку, за Шумахер е снимен и документарен филм кој треба да се промовира во ноември. Јавноста се надева дека во филмот ќе се откријат повеќе детали од неговата здравствена состојба.

(Видео) Први снимки од Михаел Шумахер

Текстот Нашето пријателство веќе нема да е исто – Жан Тод прозборе за состојбата на Шумахер е превземен од Reporter.mk.