Наташа Беквалац во болница

Поп-пејачката Наташа Беквалац вчера е пренесена во болница, пишуваат српските медиуми. Таа неколку дена се жалела дека чувствува вртоглавици, а вчера се онесвестила, па била примена во Клиничкиот центар во Белград каде што примила инфузиуја.

Близок пријател на Наташа за „Курир“ рекол дека пејачката веќе неколку месеци има проблеми со здравјето, не јаде доволно и дека психички ја исцрпува се што ѝ се случува со поранешниот сопруг, Лука Лазукиќ.

„Поминаа четири месеци, ама Наташа и понатаму не може да го најде потребниот мир“, рекол нејзиниот пријател.

Текстот Наташа Беквалац во болница е превземен од Reporter.mk.