Не беше лесно без маж да одгледам две деца

Фолк-пејачката Блага Петреска многу млада останала без маж. И после многу години таа со болка раскажува за нејзиниот сопруг Павле. Вели, заради децата кои го обожавале татка си, таа никогаш не се премажила. Од бракот со Павле има две деца, син и ќерка, а има и четири внуци.

„Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет. Така и бидна. Децата се гордеат со мене и јас со нив. Мојот син, кого сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија. Ќерката и зетот се исто така среќни, живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, раскажала Блага во интервју за „Свет Австралија“.

(Фото) Внуката на Блага Петреска ја наследи руската убавина на мајка си

Текстот Не беше лесно без маж да одгледам две деца е превземен од Reporter.mk.