„Не ми треба маж за да ми плаќа сметки“, Памела по разводот со Џон Питерс

Поранешната плејбој-зајачица и ѕвезда на „Чуварите на плажата“ потврди дека поранешниот сопруг Џон Питерс ѝ дал 100.000 долари, но апсолутно демантира дека тој ѝ отплаќал долгови.

Таа изјавила дека не ѝ е потребен маж за да може сама да си ги плати сметките.

„Имам вила вредна 10 милиони долари која се издава веќе две години, а резервирана е и за наредните пет и тоа за 40.000 долари месечно. Тоа ги покрива моите трошоци. Имам и договори за работа. Сè што ќе остане, го вложувам во својата фондација или во заедницата“, изјавила Памела.

Текстот „Не ми треба маж за да ми плаќа сметки“, Памела по разводот со Џон Питерс е превземен од Reporter.mk.