„Не сум бремена, смешно е ова што читам“- Натали по објавите дека чека второ дете

По објавите на некои медиуми дека познатата манекенка и некогашна бинго-девојка Наталија Грубовиќ е бремена со второ дете, редакцијата на „Репортер“ ја контактираше Грубовиќ, која ја демантираше веста за наводната бременост. „За жал, не сум бремена, иако посакувам. Сега ја погледанв и јас сликата, и навистина така изгледа, но позата во која седам и фустанот се виновни за тоа. Не сум ни поправена во моментов, па целава ситуација ми е симпатична и смешна. Како што реков, и јас сакам уште едно бебе, па ете може и тоа ќе се случи“, изјави Натали за „Репортер“.

Некогашната манекенка веќе ја има ќерката Натали, која името го доби по својата мајка.

„Името е желба на мојот сопруг. Иако на почетокот се противев, дека исти имиња и  велев дека е смешно, кога ја погледнав  ќерка ми сфатив дека таа навистина е Натали“, раскажа манекенката која живее во Нови Сад, а е во брак со бизнисменот Дрен Глушац.

А.Георгиев 

Текстот „Не сум бремена, смешно е ова што читам“- Натали по објавите дека чека второ дете е превземен од Reporter.mk.