Недa Арнериќ ќе биде кремирана

Српската глумица Неда Арнериќ ќе биде кремирана, а урната со пепелта ќе биде поставена во Алејата на заслужни граѓани во Белград. Ова го соопшти градоначалникот на Белград, проф. д-р Зоран Радојичиќ.

„Градот ѝ оддава почит на Неда Арнериќ, нашата голема актерка која во својата кариера оствари значајни улоги и на домашната, но и на меѓународната сцена“, рече градоначалникот.

„Таа беше омилена на филмското платно, добитничка на бројни награди во Србија и Југославија и остави трага на филмската уметност на која сите сме горди“ додаде Радојичиќ.

Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст. Нејзиното тело беше пронајдено во станот каде што живееше. Познатата глумица, која се прослави со филмот „Исправи се Делфина“, пред неколку месеци проба да се самоубие. Причините за смртта за сега не се откриваат во јавноста.

Текстот Недa Арнериќ ќе биде кремирана е превземен од Reporter.mk.