Неда Украден доби награда за животно дело

Српската пејачка Неда Украден доби награда за животно дело на доделувањето на „Оскари на популарноста“ во Бања Лука. Пејачката наградата ја доби за 50 години успешна кариера.

Во преполната сала „Борик“, Неда се заблагодари на присутните и го испеа хитот „Зора е“.

Во Бања Лука секоја година традиционално се одржува доделувањето на трофејот „Оскари на популарноста“ на пејачи од различни музички жанрови од целиот регион.

На оваа престижна манифестација покрај Неда Украден се појавија и познати музички имиња речиси од целиот Балкан како што се: „Тропико бенд“, Кики Лесендриќ, Ален Исламовиќ, Зорица Брунцлик, „Црвена јабука“ и многу други.

Текстот Неда Украден доби награда за животно дело е превземен од Reporter.mk.