Неда Украден: За мене велеа дека сум сираче од Ресен

Пред три години кога се натпреваруваше во шоуто „Твоето лице звучи познато“ Неда Украден изјави дека подолг период ја нема посетено Македонија и дека и недостасува нашата публика.

“Порано често доаѓав во земјата во која имам само убави спомени, турнеи, концерти, многу фанови и пријатели. Имам семејни пријатели и многу драги соработници. Мојата љубов кон македонската музика е позната. Едно време дури ме следеа трачеви дека сум сираче од Ресен и дека сум посвоена од моите родители“, рекла Неда.

Таа откри дека никогаш не сонувала да биде пејачка, дека толку долго ќе биде популарна.

„Се образував за сосема други работи. Немам соништа. Желбата за големо семејство ми ја оствари мојата Јелена и сега само посакувам здравје за себе, за моите најмили и за сите луѓе и што подолго да уживаме во животот“, изјави таа.

За сеебе открива и дека работи како пејачка, но и како менаџер, шофер и стилист. „Работам и дома како секоја нормална жена. Најмалку време поминувам во козметички салони. Од пред една година имам и сопствен салон за убавина со кој управува ќерка ми, но најмалку ќе ме видите таму. Tоа, нормално не значи дека не сум негувана. Пред сѐ, водам сметка за исхраната. Одлично готвам, ја сакам далматинската кујна бидејќи таму сум родена“, вели позната пејачка.

Текстот Неда Украден: За мене велеа дека сум сираче од Ресен е превземен од Reporter.mk.