„Нејмар ми го уништи животот“, девојката која ја силуваше фудбалерот проговори јавно

Најилда Триндаде е девојката која го обвини фудбалерот на ПСЖ Нејмар за силување. Таа во телевизиско интервју изјавила дека по средбата со бразилскиот фудбалер, нејзиниот живот бил уништен.

Триндаде вели дека фудбалерот ѝ го направил животот пекол и дека со крајни маки собрала храброст да го открие идентитетот и да го пријави случајот во полиција.

Пред десетина дена медиумите напишаа за случајот со силувањето направено од страна на Нејмар, но тогаш идентитетот на Триндаде не беше откриен. Напаѓачот на ПСЖ со цел да ги отфрли ваквите наводи и клевети, ја објавил целата комуникација со Триндаде и пораките што таа му ги праќала. Во нив има и голи фотографии.

„Во ужасна состојба сум. Не можам да се грижам за синот. Ослабев десет килограми. Жртва сум на секаков вид насилство, ме прогонуваат и мене и моето семејство. Ми го ограбија станот. Најголема грешка ми е што го отвроив профилот на ‘Инстаграм’. Да ми беше затворен за јавност, сега ќе бев мирна“, вели Најила во телевизиското интервју.

Мината недела на социјалните мрежи излезе и видео во кое девојката го удира Нејмар велејќи му дека тоа го прави за да му се одмазди за повредите коишто фудбалерот ѝ ги нанел претходниот ден.

Видео од Нејмар и силуваната девојка во хотелска соба во Париз

Текстот „Нејмар ми го уништи животот“, девојката која ја силуваше фудбалерот проговори јавно е превземен од Reporter.mk.