Нема да ви одговарам на ретардирани прашања, се налути Огнен Здравковски

Македонскиот пејач Огнен Здравковски, кој настапува и годинава во музчкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ на својот Инстаграм профил се пожали дека добива „ретардирани прашања од фановите“.

Тој објави објави едно од нив врзано за српската пејачка Јелена Карлеуша, која е дел од жирито и рече дека вакви прашања добивал се почесто од следбениците на Инстаграм.

Пејачот, публиката го запозна во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Тој настапуваше лани, а и годинава доби покана за учество од продуцентската куќа.

Текстот Нема да ви одговарам на ретардирани прашања, се налути Огнен Здравковски е превземен од Reporter.mk.