„Немав секс со последниот маж“ се пожали Памела Андерсон

Поранешната Плејбој зајачица, Памела Андерсон, изјави дека краткиот брак со милионерт Џон Питерс не бил легален, а дека тие двајца немале секс ни пред бракот ни во неколкуте дена додека биле во брак. Ѕвездата на телевизиската серија „Спасувачи на плажата“, рече и дека тоа не го смета за брак.

Питерс и Андерсон беа во брак само 12 дена, по што го поништија бракот. Уште тогаш Памела за медиумите изјави дека „нема свадба, нема брак, нема ништо“.

Андерсон изјави и дека сака повторно да се омажи и покрај тоа што има неколку пропаднати брака. Таа беше мажена за Томи Ли, Кид Рок, два пати се омажи за Рик Саломон и за Џон Питерс.

Текстот „Немав секс со последниот маж“ се пожали Памела Андерсон е превземен од Reporter.mk.