Никол Кидман: Сакав да бидам чесна сестра, случајно станав глумица

Славната актерка Никол Кидман како мала мислела дека кога ќе порасне ќе стане чесна сестра.

„Многу сум духовна личност и верувам во Господ. Очигледно тој пат не го одбрав, иако тоа многу го сакав“, изјавила Кидман.

Иако поминале 30 години откако се појавила на јавната сцена, Кидман себеси не се смета за ѕвезда, што понекогаш, како што вели, ѝ носи повеќе штета отколку корист.

„ Не се гледам себеси како ѕвезда бидејќи не сум тоа. Јас сум актерска ѕвезда и се чувствувам единствено како актерка. Бијонсе е ѕвезда и тоа е голема разлика“, рекла актерката.

Текстот Никол Кидман: Сакав да бидам чесна сестра, случајно станав глумица е превземен од Reporter.mk.