Никол Кидман за односот со посвоените деца:Тие ја избраа скиентологијата, како татко им

По разводот на Никол Кидман и Том Круз нивните посвоени деца Бела и Конор одлучија да останат со нивниот татко.

Никол Кидман вo интервју за австралискиот магазин „Who“ беше запрашана за односот на нејзините посвоени деца, кои по разводот останаа со актерот.

Бела (25) и Конор (23) ја прифатија скиентологијата и не се во многу близок однос со Кидман.

„Јас сум многу затворена околу мојот семеен живот“, изјави актерката која со својот сопруг Кит Урбан ги има децата Сандеј и Фејт. „Морам да ги заштитам сите тие врски. Знам, со 150 проценти сигурност дека би се откажала од мојот живот поради моите деца затоа што всушност тие ми се смислата на животот.“

За нејзините посвоени деца со Том Круз вели:

„Тие се возрасни луѓе и се способни да носат свои одлуки. Ја избраа скиентологијата и мене, како мајка, должност ми е да ги сакам. Јас сум пример за толеранција и јас верувам дека без разлика што моите деца прават, децата треба да знаат дека има достапна љубов за нив кај мене и јас сум отворена за тоа.

Наша работа како родители е да понудиме безусловна љубов“, вели Никол и не открива конкретно ништо за нивниот однос.

Никол и Том беа во брак една деценија, но по разводот имаше гласини дека Кидман е комплетно отуѓена од децата, но таа изјави дека зборува со нив . Бела и Конор присуствуваа на нејзината свадба со кантри пејачот Кит Урбан . Кидман со децата по разводот е фотографирана само неколку пати.

Знак за поврзаноста на Бела со Кидман е и тоа што младата дизајнерка една модна линија за маици ја крсти по своите родители. Но, ниту Кидман, ниту Круз не присуствуваа на свадбата на Бела во 2015.

Текстот Никол Кидман за односот со посвоените деца:Тие ја избраа скиентологијата, како татко им е превземен од Reporter.mk.