Нина Бадриќ не се дели од чевлите на „Живанши“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ не се дели од своите чевли вредни 850 долари, со потпис на Живанши. Пејачката со нив настапи на отворањето на хотел во Истра, а потоа ги носеше и за време на една посетата во Сараево.

Бадриќ често ги комбинира чевлите со бели фустани и шарени комбинезони. На социјалните мрежи речиси нема фотографија на која Бадриќ не е во нив.

Пејачката најави дека со истите ќе настапи и на шоуто „Ѕвезди“, кое се прикажува на RTL. Таа веќе објави фотографии од снимањето на емисијата во Белград.

Последен пат со овие чевли Бадриќ беше снимена на концерт во Задар пред недела дена.

 

 

 

Текстот Нина Бадриќ не се дели од чевлите на „Живанши“ е превземен од Reporter.mk.