Новак и Јелена Ѓоковиќ донираа милион евра за респиратори и медицинска опрема

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, заедно со сопругата Јелена и фамилијата, одлучи да донира милион евра за купување на респиратори и медицинска опрема за лечење на заразените од коронавирус во Србија.

Новак и Јелена ваквиот хуман потег го објавија во видео разговор со новинарите на српските медиуми.

„Голема благодарност, голем поздрав до сите медицински работници кои со месеци ширум светот, особено во Србија се борат и се обидуваат да им помогнат на луѓето кои се инфицирани со коронавирус. За жал, бројот на луѓе расте па во согласност со целото мое семејство, јас и Јелена овие недели собираме информации и утврдивме кој е најдобриот начин за да ги донираме нашите ресурси за да помогнеме за здравјето на луѓето ширум Србија“, велат Новак и Јелена.

„Би сакал да им се заблагодарам на властите во Србија кои во последните неколку дена ни излегоа во пресрет. Ние ќе донираме еден милион евра за купување на респиратори и дополнителна медицинска опрема. Ни помогна чичко Горан кој има влијание во Кина, па ни помогна да стигнеме директно до производите“, соопшти Новак Ѓоковиќ.

 

Текстот Новак и Јелена Ѓоковиќ донираа милион евра за респиратори и медицинска опрема е превземен од Reporter.mk.