Новата колекција на „Ралф Лорен“ инспирирана од Рејчел од „Пријатели“

Американската модна куќа „Ралф Лорен“ лансираше линија наречена „Рејчел Грин“, според ликот кој го играше Џенифер Анистон во популарната ТВ-серија „Пријатели“. Новата колекција е во чест на 25-годишнината од серијата, во која што Рејчел Грин работеше токму во „Ралф Лорен“ и важеше за модна икона која ги инспирираше фризурите и облеките на жените во 1990-те и 2000-те.

Во новата линија има некои од најпрепознатливите парчиња на Рејчел Грин, како тексас комбинезонки, широки панталони, ролки, куси здолништа и чорапи до над коленици, како и свечени фустани, костуми, па дури и униформи за навивачки.

„Со оглед на тоа што се докажа дека ‘Пријатели’ 25 години е една од најомилените ТВ-серии на гледачите, оваа колекција на ‘Ралф Лорен’ ги рефлектира неговиот безвременски стил и архитиповите на модерните жени со кариера“, стои во соопштението на брендот.

Текстот Новата колекција на „Ралф Лорен“ инспирирана од Рејчел од „Пријатели“ е превземен од Reporter.mk.