Новинарката Татјана му помогнала на Милан да ѝ го земе синот на Северина

Новинарката Татјана Војтеховски е жената која му помагала на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ да ѝ го одземе синот на Северина.

Северина изјавила дека нејзиниот поранешен партнер имал помош од многу новинари за да ѝ го земе Александар. Меѓу споменатите е и Татјана Војтеховски.

„Милан ја зема за Татјана Војтеховски за негов пијар. Таа испраќала еден куп мејлови во кои им дава точни инструкции што да пишуваат медиумите во Србија и Хрватска“, изјавила Северина.

Инаку, дел од причините поради кои Северина го изгубила старателството се:

Одбивање соработка со институциите (недоаѓање на рочиштата и неодговарање на повици од Центарот за социјална работа); На социјалната работничка и рекла дека е крава; Го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење; Не дозволуваше детето да оди на училиште повеќе од еден месец; Училиштето поднело пријава за занемарување на детето; Медиумска изложеност на детето.

Текстот Новинарката Татјана му помогнала на Милан да ѝ го земе синот на Северина е превземен од Reporter.mk.