„Од седативи не се будеше со денови“, Бети „Сикрет“ го исплука Сергеј Варошлија

Откако пред извесно време стилистот Сергеј Варошлија во своето шоу го коментираше физичкиот изглед на Бети Цонева, сопственичката на салонот за убавина „Студио сикрет“, поради фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, таа вчера му врати и кажа што мисли за него. „Се прашувам упорно дали дното на кариерата изгледа вака? Врвен талент кој од седативи и алкохол не се будеше со денови и изневери 250 невести и клиенти во својата кариера, стаса на телевизија да коментира малолетнички со отворени профили и кутри деца кои нема кој да ги одбрани. Па, малку беше, фати да ме коментира мене. Мене споредна работа во животот ми се ‘Фејсбук’ и сликање од причина што сум презафатена со бизнисот што успешно го водам деценија и кусур. Нека му служи на чест и нему и на оние кои му купуваат цигари. Пепел со секој салон, пепел ќе биде и емисијава… Со среќа, ќе ти треба“ – напиша Цонева на нејзиниот профил на „Фејсбук“.

Текстот „Од седативи не се будеше со денови“, Бети „Сикрет“ го исплука Сергеј Варошлија е превземен од Reporter.mk.