Огнен Амиџиќ: „Веќе не се надевам дека ќе ги најдат убијците на мојот татко“

28 години по убиството на неговиот татко Зоран, српскиот водител и шоумен Огнен Амиџиќ вели дека не верува дека полицијата некогаш ќе ги најде неговите убијци. Зоран Амиџиќ, некогашен новинар, беше убиен на 9 октомври 1991 година во Банија, Хрватска. Заедно со него беа убиени и тројца негови колеги – дописници за „РТС“ од градот Шабац.

„И понатаму не се знае кој го сторил тоа и мислам дека веќе не е возможно убијците да бидат пронајдени. Сепак, помина толку време, искрено не се надевам“, рекол изјавил Амиџиќ за српски „Телеграф“.

На Огнен и неговото семејство веста за убиството на Зоран им ја соопштиле двајца полицајци. Тие тогаш не им откриле детали за убиството. Во тоа време медиумите пишуваа во регионот вршеле притисок на полицијата да се обелодени под кои околности загинале нивните колеги. Но, точни информации како настрадале четворицата новинари нема до денес.

„На денешен ден секогаш одиме на неговиот гроб, секогаш се собираат семејството и пријателите. Еве, веќе 28 години доаѓаме, ни стана како традиција. Секој ден се присетувам на денот кога го убија татко ми. Ова е само ден кога ние се собираме заедно да ја поделиме тагата која е во нас толку години. Многу ми е тешко да зборувам за тие работи, некои работи поминуваат, некои не, некои добиваат поинаков облик, меѓутоа секогаш во нас ќе остане голема болка и лутина“, рекол познатиот водител.

 

Фото: Никола Томиќ, РТС

Текстот Огнен Амиџиќ: „Веќе не се надевам дека ќе ги најдат убијците на мојот татко“ е превземен од Reporter.mk.