Ограбен бутикот на Гвинет Палтроу во Њујорк

Бутикот „Гуп” во Њујорк, кој е во сопственост на американската глумица Гвинет Палтроу, е ограбен. Непознат сторител од бутикот украл женска чанта вредна 23.000 долари.

Вработените не забележале веднаш оти скапата чанта недостасува од полиците каде што била изложена. Камерите во објектот снимиле маж во своите 20. години кој незабележително отвора една од стаклените витрини, ја зема чантата и излегува без да ја плати.

Чантата е украдена на 30 јануари. Неколку часа по кражбата, грабежот е пријавен во полиција, а сторителот за сега не е најден.

 

Текстот Ограбен бутикот на Гвинет Палтроу во Њујорк е превземен од Reporter.mk.