Ограбена пејачката Кристина Арнаудова

Пејачката Кристина Арнаудова вчера била ограбена на Клиниката во Скопје додека нејзината баба ја сместувала во една од собите на Клиничкиот центар. Додека ја сместувале нејзината баба ѝ ја украле чантата во која имало паричник со сите документи и платежни картички, како и 9000 илјади денари. Покрај парите ѝ го украле и телефонот „самсунг“, како и два пара очилаи. Пејачката кажа дека се чувствува скршено, а истото и јавно го споедели на својот фејсбук-профил.