Орлано Блум пробувал шест месеци да нема секс

Се сеќавате на филмот „40 дена, 40 ноќи“ во кој актерот Xош Хартнет реши да живее без секс наредните 40 дена затоа што жената од неговиот живот го остави? Слично на тоа, само подолго време, се обиде и славниот холивудски актер Орландо Блум.  Тој призна дека пред неговата врска со славната пејачка Кејти Пери, со која очекува бебе , тој всушност бил во целибат. Тој имал намера шест месеци да биде без секс. Тој бил охрабрен на тој потег од неговиот пријател Лерд Вилијамс.

„Ако сакате сериозна врска, мора да бидете во целибат неколку месеци“, раскажа Орландо што му кажал неговиот пријател.

Орландо призна дека издржал три месеци бил без секс, иако сакал да продолжи наредните три месеци, но потоа се запознал со својата идна сопруга.

Двојката неодамна се вери, а наводно ќе се венчаат оваа година.

Орландо веќе има дете со манекенката Миранда Кер.

Текстот Орлано Блум пробувал шест месеци да нема секс е превземен од Reporter.mk.