Оставив жена и деца заради Ирена, за таа да ме изневерува – Орце раскажа за раскинувањето со фолк пејачката  

Фолк пејачката Ирена Спасовска и водителот и уредник во МТВ Орце Гелевскипо беа 13 години во љубовна врска.  Неодамна се разделија. Орце раскажл за причините за нивата разделба, односно дека пејачката го изневрила, а се пожалил дека сега тоа го плаќа како казна, оти тој за неа ги оставил предходната жена и децата.

„Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност. Но, ете животот ме демантираше. Ова ми беше животна лекција која скапо ја платив, но продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Причината ја напишавте веќе и да точно е,неверство е, но не од моја страна. Жртвував многу, а добив една животна лекција – раскажал водителот за Фокус.

Ирена Спасовска пак изјавила дека со Орце го продолжуваат животот, секој на своја страна. Додава дека изминатиот период и бил полн со разочарувања, како за неа, така и за нејзиното дете.

„Жал ми е што се најдовме во центарот на вниманието за една ваква тема, или попрво би рекла недоразбирање. Приказните за трета личност во нашата врска воопшто не се вистинити, а мене најмногу ме повреди тоа што Орце не ме заштити од сите напади, лажни обвинувања и пишувања во медиумите. Очекував тој како маж да ме заштити, да не дозволи некој да си игра со мојата чест и да се објавуваат невистини“, рекла таа.

По 13 години раскинаа Ирена Спасовска и Орце Гелевски

Текстот Оставив жена и деца заради Ирена, за таа да ме изневерува – Орце раскажа за раскинувањето со фолк пејачката   е превземен од Reporter.mk.