Осуден на казна затвор, се огласи Џими Молика: Осуден сум за домаќинско работење

Музичарот Џими Мицевски, сопруг на Анета Молика, кој вчера беше осуден на две ипол години затвор, се огласи преку „Фејсбук“ и вели дека е невин. Џими напиша дека ќе се обиде својата невиност да ја докаже на суд, но и дека не зел ни денар од парите за кои се осудени тој и уште дваесет лица во случајот „Транспортер“. Меѓу осудените е и ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески. Нив им се судеше дека за злоупотреба на службената дејност во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што направиле проневера на околу 360.000 евра.

„Јас Мицевски Џими ова што се го правам – пишувам, го правам за честа и угледот прво на моите деца, а потоа на мојата фамилија, на мојот славеј Анета Мицевска и групата Молика.  Можеби сите сте информирани дека вчера во Основниот суд во Скопје се судеше Битола, поточно во мега познатиот случај Транспортер. Осудени сме сите обвинети. Јас сум осуден на 2 години и 6 месеци затворска казна за моето најчесно најдомаќинско работење. Јас Мицевски Џими тврдам најодговорно дека со мојата фирма Џими турс немам наплатено ниту (1) скршен денар од тоа што беше пропишано со одлука на Советот на Општина Битола, а го има со ДОКАЗ во вештачењето. “, напиша тој меѓу другото на „Фејсбук“.

Jas Micevski Djimi ova što sega go pravam -pišuvam go pravam za česta i ugledot prvo na moite deca a potoa na mojata…

Posted by Dzimi Micevski on Вторник, 31 март 2020

Сопругот на Анета Молика осуден на казна затвор

Текстот Осуден на казна затвор, се огласи Џими Молика: Осуден сум за домаќинско работење е превземен од Reporter.mk.