Откако лекарите ѝ забранија да остане трудна, Александра Пријовиќ исплашена дека пак е бремена

Српската пејачка Александра Пријовиќ за време на одморот во Тајланд, каде што била со сопругот Филип, се жалела на болки во стомакот и помислила дека можеби е бремена, пишуваат српските медиуми. Таа се исплашила од можната бременст, затоа што лекарите ѝ забранија да остане бремена најмалку две години од раѓањето на синот, заради здравствени компликации.

„Александра на Тајланд се пожали на болки во стомакот. Таа почувствувала некои симптоми што ја исплашиле. Помислила дека е повторно бремена, а нема поминато ниту година дена од нејзиното прво породување со царски рез. Лекарите ја советуваа дека не смее да остане бремена, барем не во наредните две години. Таа со денови чувствуваша мачнини и горчливост, а за ваквата состојба му се пожалила и на Филип. Тој, сакајќи да се пошегува со неа, ја убедил дека е бремена. Александра се испалши па веднаш побара од него да ѝ купи тест за бременост“, рекол извор близок до пејачката.

Но, во хотелот каде престојувале немало аптека, па Филип изнајмил кола за да купи тест. На крајот се испоставило дека е лажна тревога и дека најверојатно нејзиниот желудник реагирал лошо на тамошната храна.

„Филип се чувствуваше лошо затоа што сакаш да се пошегува, иако ги знаеше препораките на докторот“, додал изворот.

Текстот Откако лекарите ѝ забранија да остане трудна, Александра Пријовиќ исплашена дека пак е бремена е превземен од Reporter.mk.