Откриена причината за смртта на Карл Лагерфелд

Еден од најпознатите светски модни креатори, Карл Лагерфелд, почина вчера, а причината е рак на панкреасот, пишува „Дејли мејл“. Креативниот директор на „Шанел“ почина на 85 години.

„Никогаш не зборуваше за својата болест, се бореше со неа лавовски и во тишина. Карл инаку се гордееше со својот здрав начин на живот. Редовно се занимаваше со спорт и се хранеше здраво, а веста за тоа дека боледува од рак на панкреасот за него беше голем шок“, открил извор близок до починатиот дизајнер.

Лагерфилд поради болеста пропушти два настана на Шанел во Париз минатиот месец, а од модната компанија тогаш изјавија дека тој се чувствува изморено и дека нема друга причина зашто не се појави на ревиите на Модната недела во Париз.

Текстот Откриена причината за смртта на Карл Лагерфелд е превземен од Reporter.mk.